ПЕП 21 го повикува министерот Диме Спасов наместо да не убедува дека 3 месеци неплатено породилно отсуство се добар исчекор, итно да понуди 18 месеци платено породилно боледување, а родителите да имаат еднакво право на користење на истото и периодот на користење да го избираат сами.
Воедно, Владата ако сака многудетни семејства и зголемување на наталитетот, да издвои финансиски средства за поддршка на семејствата во вид на месечен детски додаток или стипендија за секое дете, чиј износ би зависел од возраста и потребите на детето, како и од примањата на родителите.
ПЕП 21 го прашува министерот дали сака да каже дека доколку мајката остане дома со детето ќе може во неплатените три месеци од породилното отсуство да живеат само од љубов и без финансиски средства?! Дали во тие три месеци министерот смета дека детето нема да се храни, нема да користи памперс, а исто така мајка му нема потреба да го бања, пере ....?!
Министре Диме Спасов, ПЕП 21 Ве замолува да не се обидувате да се мешате во сиромашните буџети на македонските семејства и да им кажувате како да заштедат од нешто што го немаат, туку да им овозможите право на достоинствена нега и одгледување на своите деца.
ПЕП 21 | Скопје | |
ИНФО ЦЕНТАР | 01.11.2013 г. |