Граѓаните заслужуваат повисок животен стандард

Партијата за економски промени 21 смета дека податокот што го објави ЕУРОСТАТ дека Македонија е трета најсиромашна земја во Европа, претставува алармантен показател за зголемената сиромаштија. 

Се повеќе се зголемува бројот на  корисниците на народната кујна, а сиромаштијата и невработеноста рапидно расте, иако власта се обидува со фингирани показатели да прикаже намалување на невработеноста, без притоа надлежните институции јавно да кажат каде се вработени сите оние граѓани кои се тргнати од списоците на невработени лица.
ПЕП 21 констатира дека прецизните податоците на Еуростат само докажуваат дека Владата, мора да преземе итни мерки за да ги ублажи последиците од колапсот што може да го доживеат граѓаните на Република Македонија.
Нема држава и систем, ако истите на се темелат на развиен и финансиски моќен реален сектор, туку само на јавни работи финансирани од државниот буџет, администрација и пензионери.
Доколку власта смета дека има уште полоши земји за живеење, како што се Албанија и Босна и Херцеговина, тогаш веднаш треба да ја напушти политичката позиција.
Дали неспособноста на гарнитурата и на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ укажува на фактот дека поважен им е личниот статус и партискиот рејтинг од животниот стандард на граѓаните и  општествениот интерес?
ВМРО-ДПМНЕ повеќе не смее да се крие зад грбот, неуспехот, постапките и грешките од минатото на опозицијата која беше на власт до 2006 година, туку да ги преиспита своите постапки во своите осум години владеење и да ги стави на испит  на предвремени парламентарни избори лично пред граѓаните.
А пред се граѓаните мора да знаат колку жители останаа во Македонија?! Колку млади се иселија?!  Колку граѓани имаат право на глас на следнит избори?!  Итно мора да се направи попис кој е законска обврска, а која досега требаше да биде успешно завршена.
ПЕП 21 смета дека е време Македонија е да биде пример и лидер во регионот и пошироко за вистинска демократија, развиена и модерна економија, висок животен стандард, европски плати, почитувани граѓани, среќни генерации, здрави поколенија.

 

ПЕП 21     Скопје
ИНФО ЦЕНТАР   18.12.2013 г.