ПЕП 21 смета дека партијата на власт преку државните институции и со проекти од буџетот на граѓаните побрза да ја започне предизборната кампања.
Оперативниот план за активни мерки и политики, надлежните експресно го донесоа во празнична атмосвера и веднаш започнаа конкурсите и јавните повици за наводна шанса за вработување.
ПЕП 21 прашува зошто повикот за самовработување преку изјавите на министерот Диме Спасов е упатен само до невработените лица кои се активни баратели на работа?!
ПЕП 21 потсетува дека и предходниот и сегашниот министер за труд и социјална политика една година наназад, јавно ги повикуваа невработените без двоумење да се изјаснат дека се пасивни баратели на работа, а за возврат нема да изгубат ниту едно законско или уставно право.
Вчерашната изјавата на министерот за труд и социјална политика, го говори спротивното. Според неговата изјава пасивните баратели на работа нема да можат да се јават на конкурсот за самовработување, односно не исполнуваат услови за пријавување и користење на средствата за самовработување!?
ПЕП 21 oчекува менаџерите на Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување да си опстојат на претходно дадените изјави за правата и обврските на двете категории невработени лица кои ги наметнаа со нехуман и неуставен закон и бара и на пасивните баратели на работа да им се овозможи под исти услови како и активните баратели на работа да се јават на повикот и да учествуваат во користење на средствата за самовработување.
ПЕП 21 | Скопје | |
ИНФО ЦЕНТАР | 14.01.2014 г. |