Во новите Трговски центри можеби има 20 000 посетители на ден, но нема купувачи, смета ПЕП 21. Македонците немаат куповна моќ, остана само желбата за живот кој со секој одминат ден е се потежок. Зарем развојот на економијата треба да ни зависи само од посетители и купувачи од соседно Косово?!
ПЕП 21 ја повикува Владата јавно да каже колкав е дневниот промет во тие трговски центри, ако ги изземеме платежните пунктови и салони?! Колку дуќани се затворија?! Колку дуќани се нудат на продажба, под наем и колку се дадени на извршување?!
Трговските центри кои некогаш беа полни со дуќани, бутици, фризерници, продавници, и пред се полни со насмеани, среќни и задоволни купувачи, повеќе од една година се празни и запустени. И тие неколку дуќанчиња што сеуште се отворени, работат во една смена, значи само еден вработен, а ниту еден купувач.
Зошто државата дозволи да исчезнат и пропаднат инвестициите во ТЦ како: СП ПЛАНЕТ, СКОПЈАНКА, СОРАВИЈА, БЕВЕРЛИ ХИЛС, горните катови на ГТЦ и ТЦ БИСЕР и останатите локални трговски центри?
Дали Владата смета дека не се доволно добри и квалитетни домашните инвестиции и дека тие не придонесуваат за економскиот развој на државата?
Дуќаните, бутиците, салоните на мобилните оператори и други, само ги променија локациите на своите дуќани од стар во нов ТЦ. Еве еден од стотиците вакви примери за кои тврдиме дека постојат: Два салони на Т-мобиле во ТЦ Бисер се затворија, а само еден се отвори во ТЦ КАПИТОЛ Мол.
За какви отворени работни места зборуваат Власта и владините медиуми? Станува збор само за очајна потрага по нова локација на дуќанџиите, во надеж дека во новиот ТЦ ќе има и минувачи но и барем малку промет, за минимална егзистенција.
ПЕП 21 | Скопје | |
ИНФО ЦЕНТАР | 27.01.2014 г. |