Проект “смени прозор-смени врата”

Колку ќе ги чини граѓаните енергетскиот пасош кој го наметна министерството за економија?
Министерот не кажа  коj ќе биде надлежен за издавање на енергетскиот пасош, односно чии ќе бидат фирмите кои ќе издаваат лиценци?

Дали во сите чекори за реализирање на ново измислениот закон ќе се спроведуваат тендери, ако се земе во предвид дека и државните објекти ќе треба да добијат по еден ваков пасош?
Граѓаните немаат финансии за основните потреби како храна, сметки и слично, а Владата очекува тие да ги реновираат становите добиени од фабриките во социјализмот?!
ПЕП 21 и предлага на Владата да дели субвенции за менување на врати, прозорци и  фасадна изолација, како граѓаните би можеле да ја докажат својата послушност и лојалност кон законот и државата.
ПЕП 21 прашува, дали целта за издавање на енергетските пасоши е полесна и побрза  продажба на новоизградените станови од инвеститори, сопственици блиски до државни функционери?
Дали “земање  душа” е казната за граѓаните доколку не успеат да сменат прозорци и врати и да учествуваат во проектот “смени прозор-смени врата”?! 

 

ПЕП 21     Скопје
ИНФО ЦЕНТАР   28.01.2014 г.