ПЕП 21 смета дека и домашните компании треба да работат барем под слични економски услови како странските инвеститори, па така Република Македонија и нејзините граѓани ќе имаат повеќекратна и долгорочна придобивка.
ПЕП 21прашува дали со сите поволности кои Владата им ги дава на Странските инвеститори и тоа, oслободување од данок на добивка, од персонален данок, ДДВ, разни царински поволности, давање бесплатно земјиште, бесплатна изградба на инфраструктура –како приклучок за струја, вода, гас, па дури и субвенции за изградба на градежни објекти во висина до 500 илјади евра, се прави дискриминација кон домашните инвеститори?
Партијата за економски промени 21 смета дека и покрај тројцата Министри без ресор и Агенцијата за привлекување странски инвестиции, многуте економски промотори, редовните роуд шоуа, најавуваниот економски бум и илјадниците вработувања од странските инвеститори никој не ги почуствува.
Поради ова, ПЕП21 ја прашува Владата, колку државата ја чинат платите и трошоците за сите функционери и промотори за странски инвестиции?
Колку изнесуваат сите финансиски ослободувања и поволности за странските инвеститори?
Колкави се досегашните трошоците за сите роуд шоуа, промоции, реклами и друго?
Наспроти ова се поставува прашањето колкава е финансиската придобивка знаејќи дека досега има само десетина странски инвестиции со околу 3 000 работни места и плати од околу 150 до 200 евра?
ПЕП 21 | Скопје | |
ИНФО ЦЕНТАР | 05.02.2014 г. |