Предизборни вработувања?!

ПЕП 21 смета дека вработувањата кои Владата ги актуелизира во последно време не се новина и реален проект во интерес на граѓаните, туку отпочнување на кампања со активирање на гласачко тело, односно прибирањеање гласови на сметка на владеачката ВМРО-ДПМНЕ. Власта секогаш пред избори  го зголемува интензитетот на  проекти за вработување со цел да се зголеми бројот на заложници-потенцијални гласачи. Во поголем дел станува збор за неколку месечен ангажман на невработените кои  по изборите најверојатно повторно ќе се најдат на улица.

Се уште седат дома и оние кои на ЛОТО добија вработување во Македонски шуми, а ПЕП 21  претпоставува дека и овие ново најавени вработувања ќе завршат без конкретни работни места и задачи. Жално е што во политичка кампања се злоупотребуваат и најранливите категории на граѓани, од една страна поради нивната судбина и болка, а од друга страна поради нивната егзистенција.
 Лицата вклучени во мерките за вработување се тргаат од списокот на невработени, па  така што се овозможува манипулација со бројот на невработени и се прикажува  нереална бројка за невработеноста.
Менаџерот на Агенцијата за вработување треба да каже дали е вистина дека од општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ се бара списоци на активисти кои би ги ангажирале преку активните мерки, вклучувајќи го и секое можно вработување во приватниот сектор, а пред се кај фирмите чии газди се странци, се со цел да ги задржат гласовите на нездоволните членови ?!
 Што се однесува до огласите за субвенционирани вработувања, ПЕП 21 смета дека се неуставни и дискриминаторски во однос на сите оние невработени кои не можат да се пронајдат во ниту една од огласените категории, а исто така се дозволени само за невработените лица кои активно бараат работа.

 

ПЕП 21     Скопје
ИНФО ЦЕНТАР   06.02.2014 г.