КАДЕ ОДАТ НАД 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ГОДИШНО, ПАРИ ОД ПЕНЗИОНЕРИТЕ ?

Партија за економски промени 21 го прашува Драги Аргировски, претседател на сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, како и за што се трошат околу 150 000 евра месечно, односно над 1,5 милиони евра годишно, пари  кои редовно легнуваат на сметка на Сојузот на здруженијата на пензионери?

Дали пензионерите се информирани кој располага со нивните 30  денари кои секој месец се одвојуваат од нивните пензии и се префрлаат на сметка на  Сојузот на здруженијата на пензионери? Ако земеме во предвид дека има околу 300 000 пензионери од кои секој месец по 30 денари легнуваат на сметка на Сојузот на здруженијата на пензионери, се поставува прашањето што се случува со околу 150 000 евра месечно или над 1,5 милиони евра годишно, пари од пензионерите ?
ПЕП 21 го прашува Г-динот Драги Аргировски, покрај редовната пензија, колкави и какви  дополнителни месечни приходи и привилегии има тој, вршејќи ја функцијата претседател на сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија? 

 

ПЕП 21     Скопје
ИНФО ЦЕНТАР   13.02.2014 г.