Силата на гласот е на страната на стечајците, невработените, социјалците...

Партија за економски промени 21 смета дека без разлика што поради лошата приватизација, сегашната економска криза, долгот на државата кон физичките и правните лица, во моментов  протестираат само дел од стечајците.


Во суштина нивниот број е многу поголем, а нивниот проблем како сиромаштијата, невработеноста, неплатените сметки и рати за кредити,  за секого е ист и за жал останува нерешен.

Доколку на нивната судбина се надоврзе и бројот на невработените и на социјалните случаи, бројот на граѓани кои не се дефинирана категорија, односно не се евидентирани во списоците на институциите надлежни за труд и социјална политика, тогаш со сигурност може да се каже дека тоа е огромна армија на луѓе, која може во секој случај или пригода директно да влијае на решавањето на проблемите.
Сегашниот притисокот на стечајците врз Власта, наликува на комарец кој се обидува да касне слон.
Разединети и раскарани, едни на една страна, а други на друга меѓа, без синдикат и синдикален лидер, кој цврсто ќе застане зад нивните барања, остварувањето на елементарните права не ќе може да се издејствува.
Затоа сите граѓани  на Република Македонија треба да бидат единствени и истрајни во остварување на своите основни социјални, егзистенцијални и човекови права за сигурност и благосостојба. 
Меѓутоа, ако на улица излезат десетици илјади обесправени граѓани, тогаш власта не ќе може да се поигрува со нивната судбина, туку напротив ќе седне да разговара, затоа што на демократски организирани парламентарни избори сигурно силата на гласот е на страната на стечајците, невработените, социјалните случаи итн.

 

ПЕП 21     Скопје
ИНФО ЦЕНТАР   19.02.2014 г.