Партија за економски промени 21 остро се спротивставува на вчерашната изјава на Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник во Собранието на РМ, а во врска со проблемот на стечајците и нивните протести.
ПЕП 21 се сомнева дека со неговата изјава индиректно сака да попречи уставно и зконски дозволени протести и демонстрации на кои поради исти проблем како невработеност, сиромаштија и долгови, на улиците може да се случи НАРОД, односно над 500 000 граѓани да го изразат својот револт и незадоволство од секојдневните притисоци и начинот на живеење?!
Кој и зошто би се обидел да спречи мајка која сака да си ги прехрани децата, татко кој сака да го обезбеди семејството, млад човек кој сака да создаде дом и формира семејство?
Народот е тој што нема да дозволи поигрување со неговата судбина и судбината на нивните семејствата.
Ако некој е дестабилизиран, Г-дине Антонио Милошоски, тоа се граѓаните, нивните семејства и домови и тоа по заслуга на вашите политики, реформи и заложби !?
Г-дине Антонио Милошоски, на граѓаните на Република Македонија не им одговара политика која ги доведе до работ на егзистенција, беда, несигурност, извршни решенија, високи и неплатени сметки …..
ПЕП 21 бара пратеникот Антонио Милошоски да ја појасни вчерашната изјава и да каже што е тоа што тој и неговата партија нема да го дозволат?
Да потсетиме на делот од вчерашната изјава на Антонио Милошоски дадена до медиумите и граѓаните, цитираме :“ВМРО-ДПМНЕ нема проблеми со било какви протести организирани на мирен демократски и транспарентен начин, но не се согласуваме и нема да дозволиме тоа што еден дел од раководството на СДСМ се обидува да создаде, преку вакви режирани протести одредена дестабилизација на државата копирајќи некакво Босанско или Украинско сценарио”
Дестабилизацијата на Република Македонија не одговоара никому, затоа што никој нема да има корист од такви состојби.
ПЕП 21 | Скопје | |
ИНФО ЦЕНТАР | 20.02.2014 г. |