Секојдневно сме сведоци на случувањата со зеленилата и дрвјата во град Скопје, односно нивното уништување.
Јасни и логични се реакците на градоначалникот на општина Центар и на граѓаните кои јасно и јавно се против сечата на дрвата.
Ако може да се разбере молчењето на Власта која ги гради објектите на местото пред Бристол логично е да не и пречи сечата на дрвјата,но чудно е што партијата на зелените и г-ѓа Лилјана Поповска премолчеа уште еден масакр.
ПЕП 21 очекува, Претседателот на ДОМ,г-ѓа Лилјана Поповска јавно и јасно да каже кој е нејзиниот став, мислење и делување за зеленилото во град Скопје.
Претседателот на Партија за Економски Промени 21 – ПЕП 21, Билјана Јовановска ја повикува г-ѓа Лилјана Поповска Претседател на ДОМ да пројави интерес за случувањата во врска со зеленилото во град Скопје и да собере “храброст” и побара “дозвола” вечерва да присуствува на протестот пред Бристол и да одговори на реакциите, прашањата и барањата на граѓаните.
- Г-ѓо Поповска, ако во останатите земји партиите на зелените се најактивни, најзасегнати и најбунтовни кога станува збор за заштита на зеленилото, дали на Вас и Вашата партија која во принцип треба да значи партија на зелените можеби ви пречи зеленилото или пак во суштина вие сте друга партија, а поради случајност или потреба името на партијата останува да постои?
ПЕП 21 | Скопје | |
ИНФО ЦЕНТАР | 05.08.2013 г. |