Партијата за економски промени 21 (ПЕП 21) се приклучува кон барањето за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски од притворот во истражниот затвор Скопје
- Во 21 век во една европска земја држењето во притвор на новинар поради неговото новинарско истражување е скандал и показател дека Македонија тоне во мрак.
Низата реакции треба јасно да им стават до знаење на судските органи дека ова е погрешна одлука која нема никакво оправдување .
Апелираме до судските органи да ја преиспитаат одлуката и да не нанесуваат штета на меѓународниот углед на Македонија злоупотребувајќи ја мерката притвор.
ПЕП 21 | Скопје | |
ИНФО ЦЕНТАР | 25.07.2013 г. |