Дали отварањето на нови народни кујни е гордост за Владата?!

ПЕП 21 ја прашува Владата  дали oтворањето и функционирањето на народните кујни претставува успех за државата и заедницата со што Владата треба да се гордее, или е  невиден економски пад  за Република Македонија и нејзините граѓани?
Преполни народни кујни вообичаено е да се сретнуваат во моменти на недај боже војна, земјотрес, поплави и слично, кога граѓаните се принудени да егзистираат одреден временски период хранејќи се во истите.

ПЕП 21 бара Владата да донесе ОДЛУКА со која ќе забрани  институциите на власта и нивни претставници  да ја користат незавидната положба на сиромашните граѓани, собирајќи политички поени додека се сликаат  и даваат изјави со нив. 
ПЕП 21 смета дека треба да се направи итна реформа на социјалната политика со цел на социјално загрозените лица да не им се навредува достоинството.
Положбата на сиромашните граѓани, кои според сите податоци секојдневно е се полоша, не смее да се користи за сензационалистичка политичка промоција, туку Владата треба веднаш да ги решава егзистенцијалните проблеми .
Бројот на корисници на народните кујни енормно е зголемен и тоа е доволен показател дека крахира социјалната и економска програма на Владата.
Поради овие причини,ПЕП 21 смета дека, итно треба да се преземат  мерки за намалување на процентот на сиромашните граѓани, преку инвестирање во реалниот сектор, со цел долгорочно вработување на невработените лица и право на првенство на социјалните случаеви  при вработување. 
ПЕП 21 го прашува министерот Диме Спасов дали со вчерашната изјава признава дека во Република Македонија има илјадници семејства, како семејството на Санде Стојанов, а со политиките на Владата тој број секојдневно се зголемува?


 

 

ПЕП 21     Скопје
ИНФО ЦЕНТАР   05.09.2013 г.