Директорката на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Билјана Јовановска денеска беше во посета на фирми отворени со поддршка на грантот од програмата Самовработување во Свети Николе.

Директорката на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Билјана Јовановска денеска беше во посета на фирми отворени со поддршка на грантот од програмата Самовработување во Свети Николе. 
✅ Во 2019 година преку програмата за Самовработување во Свети Николе аплицирале 35 лица од кои 28 мажи и 7 жени. 
✅ Обука за претприемништво која што е дел од програмата Самовработување завршиле 21 лице а 18 лица отвориле сопствен бизнис.
#ШансаЗаСите

Повеќе...

Со министерот Дамјан Манчевски денеска презентиравме како за само 2-3 минути може да се добие образец М1 М2

Со министерот Дамјан Манчевски денеска презентиравме како за само 2-3 минути може да се добие образец М1 М2 од пријава и одјава во задолжително социјално осигурување.

Преку порталот uslugi.gov.mk   граѓаните можат да поднесат барање и да им биде издадено:
-Историјат на работни односи
-Извод од компјутерски запис - образец М1/М2 од пријава/одјава во задолжително социјално осигурување
-Потврда за неевидентирано лице
-Потврда за евидентирано друго лице кое бара работа
-Потврда за евидентирано невработено лице.

Исто така на порталот uslugi.gov.mk се достапни и информации за сите услуги кои Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија како институција ги обезбедува за граѓаните, согласно својата надлежност во областа на вработувањето и осигурување во случај на невработеност.
Работиме за во скоро време и правните лица  да може да вадат одредени документи од АВРСМ користејќи ја оваа услуга.
uslugi.gov.mk

Повеќе артикли...

Страница 1 од 34