Директорката на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Билјана Јовановска денеска беше во посета на фирми отворени со поддршка на грантот од програмата Самовработување во Свети Николе.
✅ Во 2019 година преку програмата за Самовработување во Свети Николе аплицирале 35 лица од кои 28 мажи и 7 жени.
✅ Обука за претприемништво која што е дел од програмата Самовработување завршиле 21 лице а 18 лица отвориле сопствен бизнис.
#ШансаЗаСите
Со министерот Дамјан Манчевски денеска презентиравме како за само 2-3 минути може да се добие образец М1 М2 од пријава и одјава во задолжително социјално осигурување.
Преку порталот uslugi.gov.mk граѓаните можат да поднесат барање и да им биде издадено:
-Историјат на работни односи
-Извод од компјутерски запис - образец М1/М2 од пријава/одјава во задолжително социјално осигурување
-Потврда за неевидентирано лице
-Потврда за евидентирано друго лице кое бара работа
-Потврда за евидентирано невработено лице.
Исто така на порталот uslugi.gov.mk се достапни и информации за сите услуги кои Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија како институција ги обезбедува за граѓаните, согласно својата надлежност во областа на вработувањето и осигурување во случај на невработеност.
Работиме за во скоро време и правните лица да може да вадат одредени документи од АВРСМ користејќи ја оваа услуга.
uslugi.gov.mk
Денес остваривме посета на фирмата Пилатес Поинт, основана преку Програмата за самовработување од 2019 година.
Висината на грантот во износ од 10.000 евра им овозможи на две млади лица со претприемачки вештини да отворат сопствен заеднички бизнис и за кратко време истиот да го развијат, при што досега имаат приближно 100 членови на нивното пилатес студио.
Јавниот повик за сите невработени лица е во тек и сите заинтересирани може да аплицираат во 30-те Центри за вработување.
Директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска во интервју за МИА вели дека бројот на невработени во март и април бележи зголемување што беше очекувано, но оти охрабруваат податоците за објавените слободни работни места од страна на работодавачите.
Повеќе...Директорката на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија - Билјана Јовановска, заедно со заменичката на претседателот на Владата за економски прашања - Мила Царовска, дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика - Санела Шкријељ и постојаната претставничка на УНДП во Република Северна Македонија - Нарине Сахакјан...
Повеќе...Педесетина вработени од 30 центри за вработување ја започнаа првата тридневна обука за новите профили на вработени – советници за работодавачи. Обуките се спроведуваат за да се унапредат професионалните капацитети на вработените, како и советодавни услуги.
Повеќе...Денеска во Струмица пред повеќе од 100 стопанственици се одржа втората информативна бизнис средба „Шанса за сите“. На регионалниот состанок, освен владини прeтставници и меѓународни организации присуствуваа лица од стопанските комори, бизнис асоцијациите и други регионални бизнис организации.
Повеќе...