Ние од ПЕП 21 го подржуваме и охрабруваме Mинистер за труд и социјална политика, да продолжи со имплементирање на мерки и проекти од програмата на ПЕП21, како што тоа го стори во неколку наврати досега.
Бараме мерката за зголемување на периодот на породилното отсуство која е дел од нашата програма да ја имплементира во целост како што стои во нашата програма, а не делумно, односно периодот на породилно отсуство да изнесува 18 месеци, а двата родитела да имаат право да го користат и можност да го комбинираат временскиот период на породилно боледување по сопствен избор. Воедно покрај ова, за да се придонесе кон зголемување на стапката на наталитетот во нашата земја, ПЕП 21 и предлага на Владата да ја реализира мерката со која секое семејство ќе биде финансиски подржано со детски додаток за секое дете во висина или (износ) кој ќе зависи од возраста и потребите на детето , како и примањата на родителите. Предлог мерките и проектите во програмата на ПЕП 21 произлегуваат од потребите на граѓаните и истите се во интерес на граѓаните и на Република Македонија.
ПЕП 21 | Скопје | |
ИНФО ЦЕНТАР | 26.10.2013 г. |