Задоволни од приемот и интересот на граѓаните, ПЕП 21 отпочна со отварање на простории на Општински клубови.
ПЕП 21 отвори простории на Општинскиот Клуб Аеродром, а следува отварање на простории на општински клубови и во останатите општини на град Скопје како и во поголемите општини на територија на Република Македонија.
Партија за економски промени 21, останува на ставот во Република Македонија да се спроведат предвремени парламентарни избори. Истите да ги спроведе техничка влада, со прочистен избирачки список и направени измени на изборниот законик, каде ќе бидат вметнати и препораките од ОБСЕ и ОДИХР.
ПЕП 21 продолжува со своите партиски активности и е подготвена да учествува и во случај на предвремени парламентарни избори.