ПЕП 21 ги потсетува Г-дата од Советот за радиодифузија и МРТВ дека решенија за уплата на радиодифузна такса добиваат сите физички и правни лица, без разлика на својата политичка определба.
Од тука произлегува потребата и барањето МРТВ како јавн сервис редовно и без селекција да информира за сите мали, големи, стари, нови, како и за политичките партии во формирање, а Советот за радиодифузија да се погрижи МРТВ да не води селективна и дискриминаторска уредувачка политика.
Изминаа пет месеци од конституирање на Политичката партија за економски промени 21 (ПЕП 21) и во континуитет до медиумите доставувавме информативни или тематски соопштенија, некои од нив проследени со слики и видео записи, со цел истите да бидат проследени до граѓаните на Република Македонија. Воедно повеќе пати јавно се произнесовме дека сме отворени и секогаш подготвени за соработка со сите медиуми . МРТВ остана незаинтересирана?! ПЕП 21 прашува, дали со дискриминаторската медиумска политика на јавниот радиодифузер МРТВ не се нарушува демократската слобода во државата , а граѓаните се држат во заложништво поради пласирање на строго контролирани информации?!
Дел од електронските медиуми, професионално и редовно до граѓаните ги проследуваат информациите и соопштенијата, кои ПЕП 21 ги доставува до нив. Иако не ги разбираме, сепак не им замеруваме на почитуваните уредници на некои приватни медиуми кои имаат своја уредувачка политика и прават селективен пристап кон информациите до јавноста. Но, срамно е јавниот сервис МРТВ, која е национален јавен сервис ниту еднаш да не пројави интерес, ниту пак да проследи информација за постоењето, програмата или активностите на ПЕП 21, иако согласно законот за радидифузна дејност , јасно е наведено меѓу другото дека МРТВ е должна да создава и емитува програма од јавен интерес со која се одразува општествениот и културен плурализам во државата, а кој меѓу другото се состои и од информативни содржини.
ПЕП 21 го подржува формирањето на нови политички субјекти и им честита за нивното формирање , но веќе се наметнува сомнежот, дали некој од нив ја имаат целосна медиумската поддршка, бидејќи тие нови партии ќе бидат опозиција по мерка на владеачката партија ?!
ПЕП 21 | Скопје | |
ИНФО ЦЕНТАР | 12.11.2013 г. |