ПЕП 21 смета дека објавувањето на поразителните податоци на Државниот завод за статистика за мртвородени деца во Македонија, за првите девет месеци од годинава во однос на минатата, претставува алармантна слика за лошата здравствена и популациона политика во земјава која, пред се, веруваме е последица на негативните економски трендови.
Партијата за економски промени 21 констатира дека таквиот негативен тренд на мрвтородено дете ќе продолжи доколку итно државата не спроведе соодветна и квалитетна програма за отстранување на причинителите за сегашните состојби.
Овој негативен тренд алармира на севкупната лоша економска ситуација во Република Македонија.
За таа цел, ПЕП 21 предлага државата да изработи соодветна стратегиска економска и социјална програма.
Да се овозможи реално вработување на најмалку едно лице од семејствата и тоа пред се од младите брачни парови. Синдикатите да се изборат за минимална плата која нема да биде пониска од висината на потрошувачката кошничка. Министерството за труд и социјална политика да обезбеди исплата на достоинствена социјална парична помош за секое лице поединечно.
Тоа, барем малку ќе придонесе да се намали сиромаштијата, како една од основните причини за лошата популациона слика, како и за другите фактори кои директно или индиректно влијаат за појава и ширењето на разни болести, кои се плод на несоодветните услови за живот, како и причина за секојдневните стресови на граѓаните кои се со последици по нивното здравје.
ПЕП 21 потенцира, дека невработеноста и сиромаштијата се главен проблем за енормното зголемување не само на бројот на мртвородените деца, туку и за појавата на другите здравствени проблеми на граѓаните.
ПЕП 21 | Скопје | |
ИНФО ЦЕНТАР | 26.11.2013 г. |