ПЕП 21 стравува дека случајот ДРИСЛА може да прерасне во голема афера со многу тешки политички и финансиски последици по градот Скопје и Република Македонија.
ДРИСЛА, смета ПЕП 21, во себе крие многу политички и економски стапици, ако не се разобличат сите нејасностии околу брзиот повторен избор на италијанската фирма ФЦЛ Амбиенте за конценсионер и управувач на депонијата Дрисла, за која да не заборавиме досега многу генерации на Република Македонија изводјуваа пари.
Јавноста конечно мора да добие одговор зошто судската одлука поинаку се толкува и набрзина без претходни подготовки се забрза, односно не се почитува правната процедура при повторениот процес за избор на концесионер за Дрисла.
Ако нема тајни, ако нема многубројни заткулисни игри, ПЕП 21 оценува дека нема причина за стравување. Градскиот татко во тој случај мора да ја испочитува законската процедура. Но доколку има грешки, тогаш германска компанија „Шолц“ судски ќе ја добие оштетата. По којзнае кој пат граѓаните ќе мора да плаќаат туѓи грешки, а во овој случај оштета од 84 милиони евра?
Зошто државата и градот Скопје многу лесно се откажаа од Дрисла иако бизнисот со отпадот во светот веќе претставува златна кокошка?
Насекаде во Светот, за секој превземен чекор власта прави калкулации што губи, а што добива сопствената држава и сопствениот народ. Во овој случај со право се прашуваме кога и колку ќе ни биде зголемена цената на услугата за депонирање на отпадот од ДРИСЛА?!
ПЕП 21 | Скопје | |
ИНФО ЦЕНТАР | 28.11.2013 г. |