Ниту ,,Цар Душан'' неможе да ги скрие лошите економски параметри

Човекот кој е дел од  минатото, односно e личност од историјата и  напиша Законик, само поради тоа што се вика Цар Душан и по националност е Србин, скара дел од Македонските и Албанските партии. 
Тоа во македонската политика не е новина, бидејќи и за други споменици или имиња се судрувале политичките инаети и партиските интереси, посочува Партијата за економски промени 21.

Стратегијата особено се повторува, секогаш кога Република Македонија ќе добие негативен одговор од Брисел, кој се уште  не ги отвора портите за нашата земја. 
Од друга страна играњето на картата за подгревање на кревките национални односни меѓу Албанците и Македонците е опасно мајтапење со јавноста, констатира ПЕП 21, затоа што ниту можат да се скријат лошите економски параметри во земјава, ниту да се добијат одредени партиски поени. 
Пред претседателските или предвремените парламентарни избори во 2014 година, реалноста не може да го крене рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, а уште повеќе да ја сузбие националната матрица на ДУИ.
И ДУИ, посочува ПЕП 21, не заостанува зад ВМРО-ДПМНЕ во споменичната експанзија. 
Ако со отворени карти се игра политички покер, ПЕП 21 смета дека и ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ имаат заеднички интерес да градат споменици, без разлика што ефектот кај Македонците и Албанците не е ист.

 

ПЕП 21     Скопје
ИНФО ЦЕНТАР   11.12.2013 г.