Интегрален текст од прес-конференцијата на Партија за економски промени 21-
ПЕП 21
Која е вистинската сила и тежина на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ без гласовите на коалиционите партнери, кои заедно имаат далеку поголем број на гласови од гласовите на партиите носители на коалицијата? Само поради старата слава и изборниот модел од шест изборни единици овие две партии сеуште го носат епитетот “двете најголеми партии”.
Во интерес на демократијата, со цел да се постигнат позитивни промени во политичкиот живот, да се обезбеди подобар и побрз економски развој, како и да се испочитува вољата на сите граѓани на Република Македонија, ПЕП 21 предлага:
Итна промена на изборниот модел, односно Република Македонија да биде една изборна единица;
Секоја политичка партија задолжително сама да учествува на изборите;
Изборите да бидат спроведени од техничка Влада;
Во вакви услови ПЕП 21 е убедена дека сите политички партии сами ќе учествуваат на изборите и нема да бидат принудени на предвремени, неприродни коалиции кои подоцна ги маргинализираат и потиснуваат до степен што некои од нив го губат политичкиот идентитет.
На овој начин сите граѓани, пред се оние кои во моментов се над 50 одсто неопределени и незадоволни, ќе имаат можност да изберат нова и подобра иднина за себе и за своите семејства.
Се прашуваме дали ВМРО ДПМНЕ и СДСМ имаат иста политичка матрица , бидејќи и двете партии упорно се залагаат само за своите политички интереси , со цел да се отстрани конкуренцијата од која стравуваат нивните табори?
Доколку нашите претходно иснесените ставови и барања, не бидат прифатени, Партијата за економски промени 21 – ПЕП 21 е подготвена самостојно да учествува на предвремени парламентарни избори, иако сметаме дека нема да дојде до израз слободната волја на граѓаните.
ПЕП 21 | Скопје | |
ИНФО ЦЕНТАР | 21.01.2014 г. |