ПЕП 21 ги повикува раководствата на организацијата на работодавачи, раководствата на сите гранкови синдикати и пред се претседателот на ССМ, Живко Митревски, јавно да им се извинат на работниците во Република Македонија.
Дали за сметка на своите лични и семејни интереси првите синдикалци ги продадоа правата, достоинството, вредноста и трудот на работниците и без ронка срам и совест семејствата на работниците ги доведоа на прагот на беда и сиромаштија?
Да напоменеме дека ниту постоечката минимална плата, ниту најавената, не надминува ни една третина од потрошувачката кошничка.
ПЕП 21 бара претставниците на синдикатот кои ја потпишаа срамната одлука под мотото “Аирлија зголемена минимална плата”, јавно да кажат колкава е нивната плата и сите дополнителни месечни приходи, за кои постои сомневање дека се прилично високи и се од неколку институции?!
Челниците на гранковите синдикати и претседателот на ССМ итно да поднесат оставка од своите синдикални функции и да престанат со уживање на благодетите на грбот и џебот на работниците.
ПЕП 21 ја прашува Владата дали може да гарантира дека до 2018 година нема да има зголемување на цените на лебот, млекото, месото, сметките и друго, па да се фали со зголемена минимална плата?
ПЕП 21 | Скопје | |
ИНФО ЦЕНТАР | 29.01.2014 г. |