Господине претседател на ССМ, не одговоривте на прашањето колкава е вашата плата, вашите дополнителни месечни приходи и какви други привилегии имате вршејќи ја синдикалната функција?
ПЕП 21 и јас, Билјана Јовановска, се залагаме минималната плата на работниците во Република Македонија да биде во висина на потрошувачката кошничка!
Јас им ветувам на сите работници дека заедно со сите нив ќе се избориме за она што секој работник го заслужува, а тоа е полн фрижидер, редовно платени сметки, нови патики за децата и многу повеќе.
А Вие, господине Живко Митревски би приредиле вистинско пријатно изненадување за работниците и за сите граѓани на РМ, доколку се изборите за достоинствен живот на работниците, плата соодветна на нивниот труд, а која без проблем ќе ги покрие секојдневните трошоци кои ги имаат тие и нивните семејства.
Господине Митревски срамно е што сето ова време додека сте на врвот на ССМ сте дозволиле работниците да земаат бедна плата од 4500 денари. Дали зголемувањето на плата на 10.000 денари и тоа во период од четири години, Вам Претседателе на ССМ Ви се доволни за да го поминете месецот, па сте среќни и задоволни со потпишаната одлука за бедна минимална плата?
Јавно Ве повикувам на еден ТВ-дуел по Ваш избор, па таму ќе може да објасните како и зошто по цена на работниците и нивниот обид да врзат крај со крај во месецот, редовно им се додворувате на Владините функционери и уживате додека се сликате со нив?
ПЕП 21 | Скопје | |
ИНФО ЦЕНТАР | 29.01.2014 г. |