Подобри услови за домашните инвеститори

ПЕП 21 смета дека и домашните компании треба да работат барем под слични економски услови како странските инвеститори,  па така Република Македонија и нејзините граѓани ќе имаат повеќекратна и долгорочна придобивка.

ПЕП 21прашува дали со  сите поволности кои Владата им ги дава на Странските инвеститори  и тоа, oслободување од данок на добивка, од персонален данок,  ДДВ, разни царински поволности, давање бесплатно земјиште, бесплатна  изградба на инфраструктура –како приклучок за струја, вода, гас, па дури и субвенции за изградба на градежни објекти во висина до 500 илјади евра,  се прави дискриминација кон домашните инвеститори?

 

 


Партијата за економски промени 21 смета дека и покрај тројцата Министри  без ресор и Агенцијата  за привлекување странски инвестиции,   многуте економски промотори, редовните роуд шоуа,  најавуваниот економски бум и илјадниците вработувања од странските инвеститори  никој не ги почуствува. 
Поради ова, ПЕП21  ја прашува Владата, колку државата ја чинат платите и трошоците за сите функционери и промотори за странски инвестиции?
Колку изнесуваат сите  финансиски ослободувања и поволности за странските инвеститори?
Колкави се досегашните трошоците за сите роуд шоуа, промоции, реклами и друго?
Наспроти ова се поставува прашањето колкава е финансиската придобивка знаејќи дека досега има само десетина странски инвестиции со околу 3 000 работни места и плати од околу 150 до 200 евра?

 

ПЕП 21     Скопје
ИНФО ЦЕНТАР   05.02.2014 г.