Партијата за економски промени 21 реагира на досегашната работа на Советот за радиодифузија, кој постојано молчи и не презема мерки да го разбие сегашниот начин на функционирање на Јавното дифузно претпријатите МРТВ, кое на сите политички партии треба да им овозможи рамномерен и рамноправен пристап до медиумскиот простор.
Доколку не се претстане со ваквата практика тогаш имаме основа да бараме ПЕП 21, нејзините членови, приврзаници и подржувачи да бидат ослободени од плаќање на радиодифузната такса, која не е наменета само за емитување на една те иста црно бела слика, туку и за претставување на нова ХА-ДЕ слика зад која стојат политиките на Партија за економски промени 21, но и на другите политички партии.
ПЕП 21 бара медиумски простор на МРТВ за нејзините политички активности, бидејќи преку своите проекти има што да им понуди на граѓаните.
Всушност, граѓаните на Република Македонија преку јавните радио и телевизиски дифузери имаат законско право да чујат и нешто ново, нешто поразлично, а не само лоша и полоша опција, која досега МРТВ ја протежираше и се уште им ја нуди на граѓаните.
Не сакаме нашиот став да биде земен во предвид само за време на политичката кампања, туку тој да биде остварлив преку целата година.
МРТВ треба 365 дена во годината да биде слободна, а не окупирана само со една политичка групација. Таа не е приватна сопственост, туку е јавен сервис за кој радиодифузна такса плаќаат сите физички и правни лица.
ПЕП 21 | Скопје | |
ИНФО ЦЕНТАР | 10.02.2014 г. |