Наместо да се зборува за реални проблеми, за неуспешните политики на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ во изминативе години, јавноста секојдневно се бомбардира со информации за наводно корумпирани политичари или новинари?
Во услови на идентична медиумска војна, во ВМРО-ДПМНЕ се прават “наглуви”, а од СДСМ “удираат” по нивните политичари, без при тоа јавноста да осознае дали за се што досега се изнесе, поднесен е обвинителен акт, а уште повеќе се поставува прашање каде е јавниот обвинител?!
Според Бихачка, постојат провладини - купени новинари, кои имаат задача да ја издигаат владината политика. Но, во исто време сдсмовските новинарски перјаници преку своите електронски и печатени медиуми креираат вештачка опозициска парламентарна демократија.
На овој начин СДСМ му прави услуга на ВМРО-ДПМНЕ, го заокружуваат монополот врз информирањето на јавноста во Македонија, поради што имаме право да се сомневаме дека тие вусшност не сакаат вистинска конкуренција и демократија во Република Македонија?!
ПЕП 21 | Скопје | |
ИНФО ЦЕНТАР | 11.02.2014 г. |