ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ ВО КАТАСТАРОТ


Партијата за економски промени 21 реагира на отказите на петте вработени во Агенцијата за катастар на недвижности, кои наводно се виновници за аферата со продажбата на земјиштето близу „Веро-центар„ во Скопје.

ПЕП 21 прашува дали  петте државни службеници пред време се ставени на столбот на срамот,  како жртвени  јагниња  на обидите  за прикривање на вистината или станува збор за “игри без граници”?

Сметаме дека “соопштението” не може да ја покрие сеопфатната политичка и професионална одговорност на раководните лица, кои од страна на Власта  хиерархиски се поставени во надлежните институции. Аферата не смее да се прикрие, а вината треба да ја понесеат  највисоките раководни лица и државни функционери. 

Постојат многу недоумици и неразјаснети факти во постапката,  која  директно води кон фијаското.  Јавноста има право да  ја дознае причината за некоордираноста и неажурираноста на урбанистичките планови и сопственоста на катастарските парцели.

 

ПЕП 21     Скопје
ИНФО ЦЕНТАР   14.02.2014 г.