Во Македонија со тешкотии опстојуваат малите и средни претпријатија кои се со ниска технолошка развиеност и финансиска способност. Тие имаат мал профит и немаат можност да инвестираат во сопствен развој и воведување нови технологии и зголемување на бројот на вработени.
ПЕП 21 смета дека основен услов за развој на секоја економија па и на македонската, покрај привлекувањето на странски инвестиции е и домашните компании кои се занимаваат со производство, да имаат финансиска и банкарска поддршка, како и намалување на царините и на ДДВ-то за увоз на суровини и стимулирање на извозот .......
Затоа ПЕП 21 прашува дали досегашните економски пакети на мерки што се донесени од страна на Владата се доволни за покренување на инвестицискиот циклус за развој на малите и средни претпријатија ?!
Комерцијалните банки кои претежно се со странски капитал немаат интерес да ги кредитираат домашните компании.
Поради ова, ПЕП 21 прашува дали МБПР (Македонска банка за поддршка и развој) има доволно капитал да го подржи економскиот развој на малите и средни домашни претпријатија, што е и основна нејзина задача ?
За таа цел државата треба да ја засили оваа банка, да вложи повеќе пари од буџетот и да изврши нејзина докапитализација така што со давањето на евтини кредити на фирмите од нејзина страна, таа ќе биде корективен и пазарен фактор за намалување то на каматите кај комерцијалните банки.
Истовремено, ПЕП21 прашува дали македонските компании имаат некој бенефит од странските инвестиции, бидејќи нивната соработка со домашните компании се уште не се остварува на посакуваното ниво?!
ПЕП 21 | Скопје | |
ИНФО ЦЕНТАР | 20.02.2014 г. |