ПРЕДИЗБОРНА МАМКА ЗА ЛОВЕЊЕ ВО МАТНО

Партија за економски промени 21 укажува дека Агенцијата за вработување  не може да носи решенија за исплата на паричен надомест за стечајците доколку Владата до неа не достави список на фирми кои се со доминантна државна сопственост, а за да го изготви истиот, таа ќе чека Агенцијата да и достави список на фирми од кои доаѓаат стечајците кои поднеле барања и само за нив ќе ја проверува сопственоста. 

ПЕП 21 се сомнева дека Владата има план и стратегија за долгорочно решавање на проблемот со стечајците. Не е издржана изјавата на владиниот портпарол дека список не се изготвува поради можна административна грешка. Во случај на административна грешка, постои можност за повторување на постапката, односно поради ново утврдената ситуација дополнително ќе се  донесат нови решенија за барањата на стечајците од фирмите кои биле изземени поради направена грешка.
 ПЕП 21 смета  дека   Министерството за труд и социјална политика  кое вели дека имињата на фирмите ќе бидат соопштени дополнително , треба да каже  дека списокот за фирмите и решенијата за стечајците ќе бидат изготвени и спроведени по одржувањето  на претседателските и евентуалните предвремени парламентарни избори. 
ПЕП 21  очекува  дека конечната бројка на  стечајци кои ќе ги исполнат условите предвидени со Законот нема да ги задоволи и утеши стечајците и повеќе од сигурно резултатите ќе бидат разочарувачки за многу намачени души. Кај сите нив доколку не се јави проблем со сопственоста на фирмата, ќе се јават многу други индивидуални недостатоци и проблеми  кои ќе бидат пречка за остварување на правото на паричен надомест. 

 

ПЕП 21     Скопје
ИНФО ЦЕНТАР   26.02.2014 г.