ПЕП21: УСТАВНИОТ СУД ГО ПРЕКРШУВА УСТАВОТ

Срамно  е и неуставно ,  Уставниот суд  да донесува одлука со која Претседателот на Република Македонија  ќе амнестира лица гонети за изборни криминали, посебно ако се земе во предвид  и причината поради која и дојдовме до политичка криза, во услови кога за некој месец ќе имаме нови избори.
ПЕП 21 прашува, дали со ова Уставниот суд сака да ја спаси од одговорност ВМРО -ДПМНЕ поради криминалните избори и нелигитимни мандати и дополнително да овозможи нови криминални, незконски и нелегитимни изборни во полза на ДПМНЕ ???
ПЕП 21 смета дека одлуката на Уставниот Суд да постапува и ја спроведува иницијативата на „анонимниот“ адвокат е навлегување во ингеренциите на Законодавниот Дом и грубо кршење на Уставот.
 Затоа, ПЕП 21 укажува дека овластувањето на Претседателот, согласно Уставот, е помилувањето и амнестијата да ја врши согласно закон чл.79 и чл. 84 алинеја 10. Претседателот нема апсолутно овластување и само Законодавниот Дом има можност да ги дефинира неговите овластувања.
 ПЕП 21 го повикува Претседателот на Република Македонија да се изјасни, дали и покрај неуставната одлука на Уставниот суд, ќе проработи неговата свест и разумност и ќе овозможи наредните избори да бидат фер и демократски. Во спротивно  и за него ќе сметаме дека е дел од злосторничкото здружение бидејќи доколку ја прифати оваа игра, тоа значи   дека е свесен дека и тој својот мандат го добил со криминални избори, а со самото тоа е и  нелегитимен Претседател.
ПЕП 21 се залага и смета дека граѓаните на Република Македонија  заслужуваат   слободни, фер и демократски избори од кои  по нивна слободно изразена воља  ќе произлезат легитимни мандати.

ИНФО ЦЕНТАР ПЕП 21
04.03.2016