Обраќање на Зоран Заев,
претседател на СДСМ
Живот во Македонија за сите.
Ова е заедничката цел што нè обедини сите нас, леви, десни, партии од центарот, кои денеска го потпишавме Договорот за настап на локалните избори.
Формираме предизборна коалиција предводена од СДСМ за следните локални избори,
Настапуваме отворено.
Го слушнавме гласот на граѓаните кои на последните парламентарни избори во огромно мнозинство избраа заедништво наспроти поделби.
Доследни сме на транспарентниот начин на работа што го избравме.
И затоа, граѓаните на локалните избори точно ќе знаат за кого го даваат својот глас.
Тоа се партиите чии претседатели се денеска еве овде со мене и со сите вас.
Проширена е коалицијата што ја предводи СДСМ и којашто настапи заеднички на парламентарните избори, со уште партии, коишто решија да ги поддржат промените што носат живот во Македонија.
Коалицијата за сега брои вкупно 22 политички партии.
Сменета е политичката клима во државата. Ослободени се граѓаните. Се чувствува вербата во промените. Граѓаните од целото општество, од сите сфери, ја имаат шансата да учествуваат во промените и го прават тоа.
Затоа убеден сум, оваа предизборна коалиција, по промените на централно ниво, ќе донесе промени и на локално ниво на изборите на локалните избори на 15 октомври и ќе донесе живот за сите граѓани во нашата заедничка, преубава, Република Македонија.
Нека ни е со среќа на сите! Нека им е со среќа на сите наши граѓани и на нашата Република Македонија!
Видео од обраќањето на Претседателот на СДСМ,г-дин Зоран Заев