Потпишување на декларација на подмладокот на политичките партии за фер и демократски локални избори 2017

На ден 28.09.2017 година во организација на Институтот за економски стратегии и меѓународни односи –Охрид во хотел Александар Палас Конгресна сала 2 , беше потпишана Декларација за фер, слободни и демократски избори  и против говор на омраза од претседателите на младите на 25 Политички партии. Во името на младите на ПЕП 21 , декларацијата ја потпиша Претседателот на Клуб  на младите на ПЕП 21 - Марија Костадинова.

При потпишувањето таа се обрати до присутните организатори,колеги политичари и медиуми со порака и заложба за чесна и фер кампања на престојните локални избори 2017 при што апелираше да се покаже целосната зрелост и одговорност на сите млади политичари. Исто така во името на ПЕП 21 посака успех на сите политички партии во престојната изборна трка , а победата да ја понесе најуспешниот.