Со министерот Дамјан Манчевски денеска презентиравме како за само 2-3 минути може да се добие образец М1 М2 од пријава и одјава во задолжително социјално осигурување.
Преку порталот uslugi.gov.mk граѓаните можат да поднесат барање и да им биде издадено:
-Историјат на работни односи
-Извод од компјутерски запис - образец М1/М2 од пријава/одјава во задолжително социјално осигурување
-Потврда за неевидентирано лице
-Потврда за евидентирано друго лице кое бара работа
-Потврда за евидентирано невработено лице.
Исто така на порталот uslugi.gov.mk се достапни и информации за сите услуги кои Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија како институција ги обезбедува за граѓаните, согласно својата надлежност во областа на вработувањето и осигурување во случај на невработеност.
Работиме за во скоро време и правните лица да може да вадат одредени документи од АВРСМ користејќи ја оваа услуга.
uslugi.gov.mk