ПЕП 21 смета дека вчерашната средба на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, претставува добрa основа за излез од состојбата која го попречува процесот на донесување на заеднички заклучоци кои што се однесуваат на  настаните од 24 Декември 2012 година во Собранието на Република Македонија.

Партија за економски промени  21 (ПЕП 21) посочува дека со дирекното вклучување на лидерите на овие две партии, како и најтесните партиски раководства треба да се надминат партиските интереси, кои во последно време, речиси го запреа, па и уназадија еврoинтеграцискиот процес на земјата.

Република Македонија и нејзините граѓани не смее да бидат заложници на партиските интереси или да бидат нечие заморче за лични политички поени и рејтинг на поединци во ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ .

ПЕП 21 инсистира овие две партии барем овој пат да останат на  договорот  за донесување на заеднички заклучоци и да го испочитуваат рокот кој сами си го поставија, а тоа пред се во интерес на Република Македонија и нејзините граѓани.

Во контекст на ова предлагаме  Собранието и  Владата, да  направат длабока експертска анализа зошто реформите во земјата не се одвиваат според бараното темпо, односно она што како обврска сме го превземале во текот на разговорите со Европската Унија.

 

                                                             

ПЕП 21     Скопје
ИНФО ЦЕНТАР   21.08.2013 г.