"Александар Македонски не успеа да ја освои Индија", но Субрата Рој дел по дел ја добива Македонија за "пет пари

Каква мисија има Субрата Рој во Република Македонија?
За таа цел ПЕП 21 бара да се повикаат сите релеванти фактори, универзитетски професори и доктори на науки, кои ќе дадат свое мислење, односно ќе одговорат на прашањето за сериозноста и оправданоста на проектот, за кој стравуваме дека е фатаморгана.


Поради сериозноста на проектот, ПЕП 21 прашува, дали и во колкав износ е доставена банкарска гаранција, која обично во вакви случаеви, Сахара Груп би требало да ја депонира во некоја од домашните банки како потврда за сериозна, целосна и навремена реализација на овој проект?
Дали и на домашните субјекти им се дава рамноправна шанса во подеднакви услови да се впуштат во остварувањето на многу пореални земјоделски планови и проекти?

ПЕП 21 прашувa дали овој проект ќе предизвика национално обезглавување на граѓаните пред се од тој регион, а приказната за Горна Џумајлија е опасна политичка стапица не само за жителите што живеат во тој регион, туку и за Република Македонија?
Политички гледано, а и економски измерено, ПЕП 21 планот на Сахара Груп го оценува како нереален и неостварлив, а ваквите планови мислиме дека можат да се остварат само во "Алиса во земјата на чудата".

ПЕП 21     Скопје
ИНФО ЦЕНТАР   29.08.2013 г.