ПЕП 21 ја прашува Владата дали oтворањето и функционирањето на народните кујни претставува успех за државата и заедницата со што Владата треба да се гордее, или е невиден економски пад за Република Македонија и нејзините граѓани?
Преполни народни кујни вообичаено е да се сретнуваат во моменти на недај боже војна, земјотрес, поплави и слично, кога граѓаните се принудени да егзистираат одреден временски период хранејќи се во истите.
Поради најавите за воена интервенција врз режимот во Сирија, Партијата за економски промени 21, и предлага на Владата на Република Македонија и на ресорното министерство, веднаш да ги провери нафтените стокови резерви, чии количества по обичај би требало да се на ниво на три месечни резерви и за тоа јавно да се произнесе.