Средба на Билјана Јовановска со комесарот Хан

  Агенцијата за вработување на РМ денес беше домаќин на висока делегација претставници од Европската унија и Владата на Република Македонија. Претседателот на Партијата за економски промени ПЕП 21 во функција на директорка на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска изрази голема благодарност до Еврокомесарот Јоханес Хан и амбасадорот на ЕУ во РМ Самуел Жбогар за досегашната поддршка во работењето. Настанот беше резултат на заедничката успешна соработка и продолжување на истата и во иднина.

   

       https://youtu.be/Ebqpwn_wpYc          https://youtu.be/hErCY5Sm2Ys

Потпишување на декларација на подмладокот на политичките партии за фер и демократски локални избори 2017

На ден 28.09.2017 година во организација на Институтот за економски стратегии и меѓународни односи –Охрид во хотел Александар Палас Конгресна сала 2 , беше потпишана Декларација за фер, слободни и демократски избори  и против говор на омраза од претседателите на младите на 25 Политички партии. Во името на младите на ПЕП 21 , декларацијата ја потпиша Претседателот на Клуб  на младите на ПЕП 21 - Марија Костадинова.

При потпишувањето таа се обрати до присутните организатори,колеги политичари и медиуми со порака и заложба за чесна и фер кампања на престојните локални избори 2017 при што апелираше да се покаже целосната зрелост и одговорност на сите млади политичари. Исто така во името на ПЕП 21 посака успех на сите политички партии во престојната изборна трка , а победата да ја понесе најуспешниот.

Формирање коалиција од 22 партии, предводена од СДСМ, за живот во Македонија за сите!

Обраќање на Зоран Заев,

претседател на СДСМ

Живот во Македонија за сите.

Ова е заедничката цел што нè обедини сите нас, леви, десни, партии од центарот, кои денеска го потпишавме Договорот за настап на локалните избори.

Формираме предизборна коалиција предводена од СДСМ за следните локални избори,

Настапуваме отворено.

Го слушнавме гласот на граѓаните кои на последните парламентарни избори во огромно мнозинство избраа заедништво наспроти поделби.

Доследни сме на транспарентниот начин на работа што го избравме.

И затоа, граѓаните на локалните избори точно ќе знаат за кого го даваат својот глас.

Тоа се партиите чии претседатели се денеска еве овде со мене и со сите вас.

Проширена е коалицијата што ја предводи СДСМ и којашто настапи заеднички на парламентарните избори, со уште партии, коишто решија да ги поддржат промените што носат живот во Македонија.

Коалицијата за сега брои вкупно 22 политички партии.

Сменета е политичката клима во државата. Ослободени се граѓаните. Се чувствува вербата во промените. Граѓаните од целото општество, од сите сфери, ја имаат шансата да учествуваат во промените и го прават тоа.

Затоа убеден сум, оваа предизборна коалиција, по промените на централно ниво, ќе донесе промени и на локално ниво на изборите на локалните избори на 15 октомври и ќе донесе живот за сите граѓани во нашата заедничка, преубава, Република Македонија.

Нека ни е со среќа на сите! Нека им е со среќа на сите наши граѓани и на нашата Република Македонија!

Видео од обраќањето на Претседателот на СДСМ,г-дин Зоран Заев

 

Распоред на митинзи

СДСМ и коалициските партнери утре ќе потпишат „Платформа за демократска Македонија“

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со коалициските партнери од опозицијата.

СДСМ и коалициските партнери ги разгледаа начините за натамошно заедничко дејствување, по одлуката да не учествуваат на планираните лажни, нефер и недемократски избори.

Во таа насока СДСМ и партнерите од опозицијата одлучија утре да потпишат Платформа за демократска Македонија, чијашто основна цел е слободна Македонија.

СДСМ и коалициските партнери се цврсто одлучни за заедничко и бескомрпомисно делување во одбрана на законското и уставното функционирање на државата, правдата, вистината, иднината на Република Македонија, соопштуваат од СДСМ.

На состанокот, СДСМ и коалициските партнери едногласно одлучија опозицијата да не ги повлече своите членови од Државната изборна комисија. СДСМ и партнерите се одлучни дека на 5 јуни не се возможни избори, ниту пак ќе учествуваат на таквите нерегуларни избори.


Но СДСМ и коалициските партнери ќе го обезбедат своето присуство и контрола на процесот на прочистување на Избирачкиот список, со цел да ги спречат манипулациите и злоупотребите што се обидува да ги прави власта на Никола Груевски, пишува во соопштението на СДСМ.

Што потпишаа партиските лидери?

По долгите и напорни разговори во Пржино, СДСМ го објави во интегрална форма договорот кои четирите партиски лидери го потпишаа. Документот содржи протокол кој ја дефинира организацијата на преодната влада и претставува дополнување на договорот од 2-ри јуни.

Според потпишаното нов министер за внатрешни работи ќе биде избран на 20-ти октомври, по предлог на СДСМ, а во консултација со ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Истиот датум ќе биде именуван нов министер за труд и социјална политика, исто така предложен од СДСМ. За овие две министерства, ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи заменици министри.

Повеќе...

СДСМ и опозицијата влегува во 5 министерства

Со денешниот договор се потврди `се што во континуитет, јас, Социјалдемократскиот сојуз, опозициската коалиција, го докажавме во проектот Вистината за Македонија, дека Никола Груевски и неговите најблиски соработници владеат на криминален и коруптивен начин и дека не победуваат, туку ги крадат изборните процеси, рече Зоран Заев на прес конференцијата по преговорите.

Повеќе...

Страница 2 од 10