Дали отварањето на нови народни кујни е гордост за Владата?!

ПЕП 21 ја прашува Владата  дали oтворањето и функционирањето на народните кујни претставува успех за државата и заедницата со што Владата треба да се гордее, или е  невиден економски пад  за Република Македонија и нејзините граѓани?
Преполни народни кујни вообичаено е да се сретнуваат во моменти на недај боже војна, земјотрес, поплави и слично, кога граѓаните се принудени да егзистираат одреден временски период хранејќи се во истите.

Повеќе...

Владата итно да се произнесе за нафтените резерви

Поради најавите за воена интервенција врз режимот во Сирија, Партијата за економски промени 21, и предлага на Владата на Република Македонија и на ресорното министерство, веднаш да ги провери нафтените стокови резерви, чии количества по обичај би требало да се на ниво на три месечни резерви и за тоа јавно да се произнесе.

Повеќе...

"Александар Македонски не успеа да ја освои Индија", но Субрата Рој дел по дел ја добива Македонија за "пет пари

Каква мисија има Субрата Рој во Република Македонија?
За таа цел ПЕП 21 бара да се повикаат сите релеванти фактори, универзитетски професори и доктори на науки, кои ќе дадат свое мислење, односно ќе одговорат на прашањето за сериозноста и оправданоста на проектот, за кој стравуваме дека е фатаморгана.

Повеќе...

Техничка влада, попис па избори

Партија за економски промени 21, смета дека во овој момент најдобро е за државата итно да се формира техничка влада, која што ќе ја извлече Република Македонија од наметната политичка криза.ПЕП 21 предлага формираната техничка влада прво да направи попис во РМ кој ќе биде добра основа за прочистување на единствениот избирачки список.Сметаме дека,досегашниот избирачки список претставува инструмент за манипулација на избрачкото право на граѓаните.

Повеќе...

Село гори – ДОМ се чешла

Не постигнувањето на договор околу извештајот за минатогодишните настани во Собранието на Република Македонија меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, за кој ПЕП 21 во предходниот период предупреди дека ќе се случи, претставува крајно несериозен и страмен политички чин, кој пред се се користи за освојување на партиски, а и за лидерски поени.

Повеќе...

Груевски и Заев да го испочитуваат рокот кој сами го поставија

ПЕП 21 смета дека вчерашната средба на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, претставува добрa основа за излез од состојбата која го попречува процесот на донесување на заеднички заклучоци кои што се однесуваат на  настаните од 24 Декември 2012 година во Собранието на Република Македонија.

Повеќе...

Лилјана Поповска премолче уште еден масакр

Секојдневно сме сведоци на случувањата со зеленилата и дрвјата во град Скопје, односно нивното уништување.
Јасни и логични се реакците на градоначалникот на општина Центар и на граѓаните кои јасно и јавно се против сечата на дрвата.
Ако може да се разбере молчењето на Власта  која ги гради објектите на местото пред Бристол логично е  да не и пречи сечата на дрвјата,но чудно е што партијата на зелените и   г-ѓа Лилјана Поповска премолчеа уште еден масакр.

Повеќе...

Страница 9 од 10