Партијата за економски промени 21 реагира на досегашната работа на Советот за радиодифузија, кој постојано молчи и не презема мерки да го разбие сегашниот начин на функционирање на Јавното дифузно претпријатите МРТВ, кое на сите политички партии треба да им овозможи рамномерен и рамноправен пристап до медиумскиот простор.
Повеќе...ПЕП 21 смета дека вработувањата кои Владата ги актуелизира во последно време не се новина и реален проект во интерес на граѓаните, туку отпочнување на кампања со активирање на гласачко тело, односно прибирањеање гласови на сметка на владеачката ВМРО-ДПМНЕ. Власта секогаш пред избори го зголемува интензитетот на проекти за вработување со цел да се зголеми бројот на заложници-потенцијални гласачи. Во поголем дел станува збор за неколку месечен ангажман на невработените кои по изборите најверојатно повторно ќе се најдат на улица.
Повеќе...ПЕП 21 смета дека и домашните компании треба да работат барем под слични економски услови како странските инвеститори, па така Република Македонија и нејзините граѓани ќе имаат повеќекратна и долгорочна придобивка.
Повеќе...Партија за економски промени 21 очекува претседателот на ССМ јавно да поднесе оставка со цел да престане преку својата синдикална функција да манипулира и потпишува одлуки со кои прави маркетинг и собира поени за себе и за политички субјекти, наместо да се избори за минимална месечна плата за достоинствен живот на едно семејство.
Повеќе...
Господине претседател на ССМ, не одговоривте на прашањето колкава е вашата плата, вашите дополнителни месечни приходи и какви други привилегии имате вршејќи ја синдикалната функција?
ПЕП 21 и јас, Билјана Јовановска, се залагаме минималната плата на работниците во Република Македонија да биде во висина на потрошувачката кошничка!
ПЕП 21 ги повикува раководствата на организацијата на работодавачи, раководствата на сите гранкови синдикати и пред се претседателот на ССМ, Живко Митревски, јавно да им се извинат на работниците во Република Македонија.
Дали за сметка на своите лични и семејни интереси првите синдикалци ги продадоа правата, достоинството, вредноста и трудот на работниците и без ронка срам и совест семејствата на работниците ги доведоа на прагот на беда и сиромаштија?
Колку ќе ги чини граѓаните енергетскиот пасош кој го наметна министерството за економија?
Министерот не кажа коj ќе биде надлежен за издавање на енергетскиот пасош, односно чии ќе бидат фирмите кои ќе издаваат лиценци?