Едногласна одлука на СДСМ и здружената опозиција: Не учествуваме на избори на 24 април!

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев доби едногласна поддршка од коалициските партнери од здружената опозиција.

На вечерашната средба на претседателот Заев со коалициските партнери, на којашто присуствуваше и Стево Пендаровски, изразена е единственост во позициите за чекорите што се преземаат и ќе се преземаат во врска со политичката ситуација во земјава.

СДСМ и коалициските партнери се одлучни за спроведување фер и демократски избори. Избирачкиот список мора да се прочисти. Мора да се обезбеди професионално известување на медиумите. Само такви избори се во интерес на граѓаните и на Македонија и само на такви избори ќе учествува опозицијата.

За СДСМ и коалициските партнери не се прифатливи избори на 24 април. СДСМ и здружената опозиција нема да учествуваат на избори организирани на 24 април.

Во врска со учеството на министрите и замениците министри на опозицијата во Владата, констатирано е дека таа одлука е донесена од централните органи и тела на партиите од здружената опозиција. Централните органи и тела на партиите од здружената опозиција штом ќе донесат одлука за учеството во Владата, ќе и биде соопштена на јавноста.

ПЕП 21: ДЕМОНСТРАЦИЈА НА ИНАЕТ

ПЕП 21 прашува  дали со поставувањето на споменици на Двоглав орел и 50 метарски крст во Скопските општини ќе се зголеми чуството за  националната припадност кон заедницата или верата на граѓаните во Република Македонија, без оглед дали се Македонци или Албанци, или пак преку демонстрирањето на инает, а  притоа подгревајќи ги националните чуства на граѓаните челниците од владеачките партии, треба да ги спасат сопствените  глави.
Нивната суровост и немилост кон граѓаните на Република Македонија нема крај. Со единствена цел да направат немири и омраза меѓу граѓаните за свои лични интереси и партиски цели продолжуваат со валкани игри без ронка совест дали некој ќе биде повреден.
ПЕП 21 ги повикува граѓаните на Република Македонија на единство и разум, да не потклекнуваат на провокациите на челниците на  ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, бидејќи ова е сценарио со кое тие сакаат да не одалечат од реалните проблемии кои ни ги наталожија овие 10 години наназад, а воедно по секоја цена да останат на власт.

ИНФО ЦЕНТАР ПЕП 21
04.03.2016

Страница 7 од 34