ПЕП21: УСТАВНИОТ СУД ГО ПРЕКРШУВА УСТАВОТ

Срамно  е и неуставно ,  Уставниот суд  да донесува одлука со која Претседателот на Република Македонија  ќе амнестира лица гонети за изборни криминали, посебно ако се земе во предвид  и причината поради која и дојдовме до политичка криза, во услови кога за некој месец ќе имаме нови избори.
ПЕП 21 прашува, дали со ова Уставниот суд сака да ја спаси од одговорност ВМРО -ДПМНЕ поради криминалните избори и нелигитимни мандати и дополнително да овозможи нови криминални, незконски и нелегитимни изборни во полза на ДПМНЕ ???
ПЕП 21 смета дека одлуката на Уставниот Суд да постапува и ја спроведува иницијативата на „анонимниот“ адвокат е навлегување во ингеренциите на Законодавниот Дом и грубо кршење на Уставот.
 Затоа, ПЕП 21 укажува дека овластувањето на Претседателот, согласно Уставот, е помилувањето и амнестијата да ја врши согласно закон чл.79 и чл. 84 алинеја 10. Претседателот нема апсолутно овластување и само Законодавниот Дом има можност да ги дефинира неговите овластувања.
 ПЕП 21 го повикува Претседателот на Република Македонија да се изјасни, дали и покрај неуставната одлука на Уставниот суд, ќе проработи неговата свест и разумност и ќе овозможи наредните избори да бидат фер и демократски. Во спротивно  и за него ќе сметаме дека е дел од злосторничкото здружение бидејќи доколку ја прифати оваа игра, тоа значи   дека е свесен дека и тој својот мандат го добил со криминални избори, а со самото тоа е и  нелегитимен Претседател.
ПЕП 21 се залага и смета дека граѓаните на Република Македонија  заслужуваат   слободни, фер и демократски избори од кои  по нивна слободно изразена воља  ќе произлезат легитимни мандати.

ИНФО ЦЕНТАР ПЕП 21
04.03.2016

ПЕП 21 се приклучува на утрешниот протест пред Уставниот суд

ПЕП 21 се приклучува во борбата против неуставната одлука на Уставниот суд  дополнително да овозможи нови криминални, незаконски и нелегитимни избори во полза на ДПМНЕ!
 Затоа  ПАРТИЈА ЗА ЕКОНОМСКИ ПРОМЕНИ  21 (ПЕП 21)  ќе се приклучи на утрешните протести пред Уставниот суд  поради срамната одлука на дел од Уставните судии со која сакааат да ја спасат  од одговорност ДПМНЕ и нејзините високи функционери ,кои со криминални делувања  години наназад спроведуваа  криминални избори и се стекнаа со нелигитимни мандати.
ПАРТИЈА ЗА ЕКОНОМСКИ ПРОМЕНИ  21 (ПЕП 21) смета дека е срамно и неуставно  Уставниот суд  да донесува одлука со која Претседателот ќе амнестира лица гонети за изборни криминали.
ПЕП 21 очекува ДПМНЕ и нејзиното раководство да одговара  меѓу другото и за изборен криминал, а воедно на ДПМНЕ да му биде забрането да учествува на избори во следни изборни процеси.
ПЕП 21 се залага за слободни, фер и демократски избори од кои по слободно изразена воља на граѓаните ќе произлезат легитимни мандати.

Страница 8 од 34