Денеска во Струмица пред повеќе од 100 стопанственици се одржа втората информативна бизнис средба „Шанса за сите“. На регионалниот состанок, освен владини прeтставници и меѓународни организации присуствуваа лица од стопанските комори, бизнис асоцијациите и други регионални бизнис организации.
Педесетина вработени од 30 центри за вработување ја започнаа првата тридневна обука за новите профили на вработени – советници за работодавачи. Обуките се спроведуваат за да се унапредат професионалните капацитети на вработените, како и советодавни услуги.