Во Македонија со тешкотии опстојуваат малите и средни претпријатија кои се со ниска технолошка развиеност и финансиска способност. Тие имаат мал профит и немаат можност да инвестираат во сопствен развој и воведување нови технологии и зголемување на бројот на вработени.
Партија за економски промени 21 смета дека без разлика што поради лошата приватизација, сегашната економска криза, долгот на државата кон физичките и правните лица, во моментов протестираат само дел од стечајците.